Американскиот аналитичар за лидерот на Северна Кореја: „Кина му обезбеди експериментална вакцина против коронавирусот на Ким“

 Американскиот аналитичар за лидерот на Северна Кореја: „Кина му обезбеди експериментална вакцина против коронавирусот на Ким“

„Кина обезбеди експериментална вакцина против коронавирусот за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и неговото семејство“, тврди американскиот аналитичар Кери Казианис повикувајќи се на два неидентификувани јапонски извори.

Казианис, ескперт за Северна Кореја во Центарот за национален интерес во Вашингтон, изјавил дека е вакцинирано семејството Ким и уште неколку високи службеници од севернокорејските власти, пренесува „Ројтерс“.

Не е познато која компанија ја испорачала вакцината до семејството Ким и дали е докажано дека тој лек е безбеден, додал тој.

Повикувајќи се на американскиот медицински експерт Питер Хотез, Казианис навел дека најмалку три кинески компании развиваат вакцина против коронавирусот, вклучувајќи ги и „Синовак Биотек“, „КанСиноБио“ и „Синофрам груп“.

Некои од експертите се сомневаат во тоа дека Ким би бил тој кој што би примил експериментална вакцина.

x