• 21/09/2020

Американското воено воздухопловство загуби два Ф-16 за две недели

 Американското воено воздухопловство загуби два Ф-16 за две недели
loading...
Advertisement

Суперсоничен борбен авион Ф-16 на Американското воено воздухопловство се урна за време на слетувањето во воздухопловната база „Холоман“ во Њу Мексико, соопшти војската. Ова е втор ваков инцидент за две недели, пренесува РТ.

Несреќата се случила околу 18 часот по локално време во понеделникот. Пилотот безбедно се катапултирал и се здобил со полесни повреди, се вели во кусото соопштение од воздухопловната база. Тим за итни случаи бил испратен на местото на несреќата.

Инцидентот е втора загуба на УСФ Ф-16 за две недели. На 30 јуни, еден пилот загина во несреќа на тренинг- летот во воздухопловната база „Шо“ во Јужна Каролина. 

УСФ во последните неколку месеци изгуби и друго типови авиони. 

Кон средината на јуни, Ф-15Ц се урна во Северното Море за време на тренинг по полетувањето од базата во близина на Лондон, при што загина и неговиот пилот. Во мај, еден Ф-35 и еден Ф-22 беа загубени во засебни инцидети на Флорида. И во двата случаи пилотите безбедно се катапултирале.