Ангела Меркел ќе гостува во криминалистички поткаст

Ангела Меркел ќе гостува во криминалистички поткаст

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе гостува во поткаст за криминал како дел од божиќниот специјал.

Во подткастот „Зборуваме за убиство?!“ на германската јавна телевизија SWR, таа не зборува за вистински злосторства, туку за криминални случаи во четириделната опера на Рихард Вагнер „Прстенот на Нибелунг“.

Специјалниот божиќен поткаст од три дела за вистински криминал со поранешниот федерален судија Томас Фишер и водителот Холгер Шмит треба да се емитува во недела попладне.

-Среќна сум и што овде правиме нешто сосема друго, рече Меркел на прашањето зошто одлучила да учествува во тој формат. Дел од нејзината „новоосвоена слобода“ е што сега „оди во сосема друга насока“.

Меркел е голем обожавател на Вагнер и редовно присуствува на фестивалот во Бајројт. Отворањето на фестивалот отсекогаш беше една од ретките прилики во годината кога таа ќе се појави на црвениот тепих со нејзиниот сопруг Јоаким Сауер, со кој ја дели страста за Вагнер.

Затоа Сауер на шега беше наречен „Фантомот од операта“.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy