
Ангеловска: Домашната картичка ќе ја забрза економијата во третото тримесечје
– Со оваа финансиска инјекција од 28 милиони евра очекуваме падот на економската активност кој во третиот квартал е проектиран на 2,7, да се задржи на помалку од 2 отсто, вели Ангеловска.
Направените симулации во министерството за финансии покажале дека домашната картичка и ваучерите за домашен туеизам ќе го ублажат падот на економската активност во третото тримесечје, а ќе се зголеми и бројот на ноќевања во домашните сместувачки капацитети…
– Министерката за финансии Нина Ангеловска за емисијата „Агенда 35“ вели дека преку мерката за домашна платежна картичка ќе им се даде финансиска поддршка на околу 325.000 граѓани.
Ангеловска вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформална економија, купување на домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок.
– Со оваа финансиска инјекција од 28 милиони евра очекуваме падот на економската активност кој во третиот квартал е проектиран на 2,7, да се задржи на помалку од 2 отсто, вели Ангеловска.