Ангеловски: Лицата кои ќе допатуваат од странство за полицискиот час можат да се движат до својот дом

 Ангеловски: Лицата кои ќе допатуваат од странство за полицискиот час можат да се движат до својот дом

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Сител изјави дека лицата кои ќе остварат влез на територија на државава за време на полицискиот час смеат да одат до својот дом.

– Во зависност од тоа на кој граничен премин ќе пристигнат, доколку пристигнат по копнен пат ќе бидат прифатени и можат да се движат до својот дом. Ова важи и за оние кои ќе допатуваат со авион, односно нивната авионска карта претставува пропусница за движење до својот дом а имаат и право едно лице од фамилијата да ги земе од аеродром и да ги однесе до дома, изјави Ангеловски.  

x