Англија и Сан Марино единствени без гол од игра во Лигата на нации

Англија и Сан Марино единствени без гол од игра во Лигата на нации

Англиската фудбалска репрезентација заедно со Сан Марино се единствените две селекции без постигнат гол од игра во годинешното издание на Лигата на нации на УЕФА.

Англија вчера беше поразена на гостински терен од Италија со 1-0 во Групата 3 од А – Дивизијата и се наоѓа на последното место на табелата со само два освоени бода.

Репрезентацијата предводена од Герет Саутгејт постигна само еден гол во натпреварувањето и тоа во ремито (1-1) на гостувањето во Германија, а стрелец тогаш од белата точка беше капитенот Хари Кејн.

Од друга страна, Сан Марино е единствената репрезентација која нема постигнато гол и во Групата 2 од Д – Дивизијата е последно пласирана без бодови и со гол – разлика 0-5.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy