Апокалиптични снимки од Истанбул: Загина жена во страшното невреме (ВИДЕО)

Апокалиптични снимки од Истанбул: Загина жена во страшното невреме (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина денеска во силното невреме кое го зафати Истанбул и предизвика хаос во петнаесетмилионскиот град, а повредени во невремето имало и во други делови на Турција.

Една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, кога врз неа и нејзиното дете се урнал дел од покривот, јави државната агенција Анадолија. Детето ги преживеало повредите.

Најмалку осум лица се повредени во други делови на градот, каде ударите на ветрот урнаа саат-кула, откорнале дрвја и предизвикаа превртување на најмалку три камиони, јави приватната телевизија НТВ.

Босфорскиот теснец, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а траектите се во прекин.

Најмалку шест авиони не можеле да слетаат во Истанбул и биле пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпаролот на Туркиш ерлајнс.

Поради силниот ветер откажани се траектните линии меѓу летните одморалишта Бодрум и Кас, јавуваат локалните медиуми.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds