
Апокалиптични снимки од песочната бура над Анкара/ВИДЕО
Ретка песочната бура денеска околу 15 часот по локално време ги погоди окрузите Олатли и Хајман во Анкара.
Шест лица се повредени, а ветерот оштети неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја. Граѓаните во паника бараа засолниште, а оради невремето имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот.
Во помош на жителите на Анкара се вклучија и пожарникарите.