Аргентина пука под притисок, „лалињата“ се подготвени за Меси

Аргентина пука под притисок, „лалињата“ се подготвени за Меси

Поголемиот дел од фудбалскиот свет се сложи пред почетокот на Мундијалот: Аргентина заедно со Бразил важеше за еден од главните кандидати за освојување на трофејот. Од друга страна, не се очекуваше премногу од Холанѓаните, многумина им го „запишаа“ пласманот во четвртфиналето (нешто што го постигнаа), но со тоа не се сложи тренерот Луј ван Гал, па пред заминувањето во Катар изјави дека неговата цел е светскиот трон и дека тој и неговите момчиња имаат добри шанси да станат најдобри на планетата.

Во пресрет на пресметката со „гаучосите“ предводени од Лионел Меси, тоа звучи како повеќе од оптимистичка изјава, но не се неосновани очекувањата дека „лалињата“ ќе одат понатаму. Имено, се гледа дека Аргентинците трпат од притисокот да се фаворит (Бразилците, изгледа, многу полесно се справуваат со тоа), а тука е и дополнителниот притисок во форма на тоа што Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, едноставно „не смее“ да ја заврши кариерата без Златната божица и дека, сакал или не, целиот тим е фокусиран на таа цел. Албиселесте двапати беа шампиони (1978 и 1986 година), а играа во финалето уште три пати (1930, 1990 и 2014 година). Пред осум години во Бразил, Германците беа подобри од Аргентинците, додека Холанѓаните беа трети со победа над домаќинот од 3-0. Селектор на „портокаловите“ тогаш беше Ван Гал, кој веќе се покажа како победник, но на многу поважен терен. Имено, тој во април призна дека се борел со многу агресивна форма на рак на простата и дека одел на терапија ноќе, без знаење на неговите фудбалери, на кои не сакал да им каже низ што минува бидејќи тоа ќе влијаело на нивните игри.

И оние победи на Холанѓаните во групната фаза не беа спектакуларни, иако забележаа две победи, против Сенегал и Катар и одиграа реми со Еквадор. Сепак, против Американците во осминафиналето „лалињата“ беа многу сигурни, иако самиот Ван Гал изјави дека на полувремето бил доста критичен кон своите избраници. До пред неколку години (и децении претходно) главните ѕвезди на холандската репрезентација беа напаѓачи. Денес таа е стоперска селекција која важи за една од најдобрите на планетата. Капитенот Вирџил ван Дијк, ќе има за задача да го сопре Меси, кој повеќе не е „тој Меси“. Секако, ѕвездата на Пари Сен Жермен се уште може со еден потег да реши меч, секако дека не ја загуби магијата, но веќе некое време не е веќе нерешлива енигма.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy