Арион Зиба се враќа во Струга ТЉ по успешната позајмица во Лабуништа

Арион Зиба се враќа во Струга ТЉ по успешната позајмица во Лабуништа

Екипата на Струга Трим Љум имаше среќа и поради прекинот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, ќе остане во елитното друштво. 

Целта одново ќе биде иста, а тоа е опстанок во првата лига што е можно повеќе. По продолжувањето на неколку договори, Струга го врати перспективниот дефанзивец Арион Зиба кој беше позајмен во Лабуништа. 

18-годишникот мина една сезона во вториот ранг на фудбалот во Македонија, каде беше член на локалниот тим од Струга. Сепак, очигледно ќе добие шанса да се докаже и во ПМФЛ. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds