Асфалтиран главниот пат во Лабуништа

Асфалтиран главниот пат во Лабуништа

Со асфалтирањето на последниот дел од главната улица во Лабуништа беше завршен проектот со кој се реконструираа и асфалтираа главната улица од стара автобуска станица до центарот на селото, како и две најфрефректни улици кај Долна Џамија и основното училиште во должина од 1км.

Со овој проект беа предвидени, а сега и реализирани неколку зафати и тоа: вадење на застарените бетонски плочки, проширување, дислокација на електричните столбови, тампонирање, отворање канали за атмосферските води, нивелација на шахти и на крај асфалтирање. Проектот е финансиран и подржан од о. Струга и Агенцијата за подршка на руралниот развој, и претставува најголен реализиран инфраструктурен проект во Лабуништа во последните неколку години.