
Авион се урна во Србија
Српски воен авион се сруши во близина на Лозница.Српските медиуми јавуваат оти претседателот Александар Вучиќ рекол дека станува збор за стар Миг-21.
На местото пристигнале противпожарни екипи, екипи на полицијата кои го обезбедуваат местото, а се чекаат надлежните државни истражни органи.
Засега нема информации дали настрадал пилотот.