• 25/09/2020

Австралиските пожарникари палат пасишта за да спречат ширење на пожари

 Австралиските пожарникари палат пасишта за да спречат ширење на пожари
loading...
Advertisement

Илјадници пожарникари палат пасишта во источна Австралија за да спречат ширење на прогнозирани големи пожари, пред очекуваниот пораст на температурата во вторник.

Над стотина пожари избувнаа во државите Нов Јужен Велс и Викторија.

Времето се очекува да се влоши утре, кога температурите ќе достигнат над 40 Целзиусови степени со засилување на ветерот.

– Очекуваме висок ризик од пожари во големи географски области, изјави Шејн Фитсимонс од противпожарна служба на Нов Јужен Велс.

– Пожарникарите изведуваат операции за позадинско палење, задржување и консолидација, додаде тој.

Во пожарите загинаа најмалку четири лица и уништени се повеќе од 680 куќи и уништени се повеќе од милион хектари земја низ источна Австралија од почетокот на ноември.

Придружени со силен ветер, неколку пожари се споија во еден огромен, заканувајќи се на провинцијата Хоксбери, на околу 50 километри северозападно од Сиднеј.

Властите предупредуваат дека пожарите нема да бидат изгаснат се додека не падне повеќе дожд, што не се очекува најмалку уште три месеци.