Австрија под снег: Снежните врнежи направиле хаос на патиштата

Австрија под снег: Снежните врнежи направиле хаос на патиштата

Силни снежни врнежи, кои од раните утрински часови ја зафатиле цела Австрија, направиле огромни проблеми во сообраќајот, а во Виена и за градскиот превоз.

Еден автобус во Виена се излизгал и удрил во столб, при што биле повредени девет лица.

Едно лице се здобило со тешки повреди, пренесува Гералд Шимпф, портпаролот на виенската пожарна служба.

Во другите делови на Австрија бројни камиони се излизгале и блокирале автопати, поради што сообраќајот бил отежнат.

Имало и повеќе сообраќајни несреќи ширум земјата, која целосно е под снег.

Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds