Автомобил излета од патот: Струженец тешко повреден

Автомобил излета од патот: Струженец тешко повреден

Вчера во 17.40 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, кај крстосницата Лагово, патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(51) од Струга, излетало од патот, по што едно лице било повредено и било пренесено во болница.

Во незгодата, сопатникот од возилото А.Ш.(55) од с.Велешта се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Прилеп.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds