Автомобил излетал на патот Ресен – Охрид

Автомобил излетал на патот Ресен – Охрид

Околу 09,15 часот, вчера, било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, 30 годишно лице од Прилеп, управувајќи патничко возило „Рено Меган“, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот., а со телесни повреди се здобила 19 годишната сопатничка од с.Ропотово, прилепско, по што биле пренесни во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор:OhridNews