Автомобил се забил во куќичка на патарина во Хрватска

 Автомобил се забил во куќичка на патарина во Хрватска
data-language="en"

Стравична несреќа на автопатот А11 во Хрватска, автомобил се заби во куќичка на наплатната рампа во Мрацлин, загина вработен во ХАЦ.

Утрово околу 5-30 часот во близина на патарината Мрацлин на автопатот А11 Загреб – Сисак во Хрватска возач ја загубил контролата на автомобилот и удрил во објект на патарината, соопштила хрватската полиција. Во несреќата загина работник на патарината а возачот на автомобилот е тешко повреден.

Поради сообраќајната несреќа на овој дел од автопатот сообраќајот се одвива споро со ограничување на брзината во правец кон Сисак на 40 км на час.

Според „Вечерњи лист“ во несреќата наводно загинал вработен на патарината а возачот на автомобилот е тешко повреден.

Извор : 24 sata.hr