Автомобил со голема брзина „покосил“ луѓе во пешачка зона во германскиот град Трир (видео)

 Автомобил со голема брзина „покосил“ луѓе во пешачка зона во германскиот град Трир (видео)

Автомобил со голема брзина денеска  удрил и повредил неколку лица во пешачка зона во германскиот град Трир, во западниот дел на земјата, соопшти полицијата на Твитер.

ТВ каналот РТЛ, меѓутоа, јави дека во инцидентот загинале најмалку две лица, а најмалку 10 се повредени. Според нивни информации, хеликоптер летал над местото на несреќата, а блиското училиште било заклучено и во него се  следел протокол за во случај на можен терористички напад.

Еден од очевидците изјавил дека голем сив „Ренџ Ровер“ со голема брзина влетал во пешачката зона и дека „луѓето ги фрлал во воздух“.

Полициските службеници ги предупредуваат луѓето да го избегнуваат местото на несреќата и соопштуваат дека тие се на лице место, заедно со екипите на брзата помош.

Локалните медиуми јавуваат дека возачот бил приведен од полицијата, додавајќи дека деталите за инцидентот се уште не се јасни, пренесува „Дејли меил“.