Азербејџанската војска влегла во Агдам, регион кој им го отстапиле ерменските сили

 Азербејџанската војска влегла во Агдам, регион кој им го отстапиле ерменските сили

Договорот кој бил постигнат со посредство на Русија, предвидува Ерменија на Азербејџан да му предаде контрола над области надвор од границите на Нагорно-Карабах, отцепен регион на Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Азербејџанската војска влегла во регионот Агдам кој ерменските сили го отстапиле со договорот за прекин на огнот со што се завршени шестнеделните судири во Нагорно-Карабах, соопштило денеска азербејџанското министерство за одбрана. 

Договорот кој минатата недела бил постигнат со посредство на Русија, предвидува Ерменија да му ја предаде контролата на Азербејџан над области надвор од границата на Нагорно-Карабах, отецепен регион од Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Со цел да го надгледува почитувањето на примирјето, Москва последните денови почнала да распоредува свои мировници во тој регион.