Бадел 1862 и Струга го прескокнаа ЖКК Вардар на врвот во кошаркарскиот шампионат

Последното деветто во оваа календарска година во Првата женска кошаркарска лига не ги измени состојбите на врвот. Со оглед на тоа дека кошаркарките на Вардар својот натпревар (против Крива Паланка), ќе го одиграат нешто подоцна, пратителите на табелата, Бадел 1862 односно Струга 2009 тоа го искористија и макар за една седмица се искачија на првото место на табелата.

Бадел 1862 беше двојно подобар од Студент Академија (104-52), додека пак убедливи беа и стружанки на гостувањето кај Шкупи (60-28).

Сега и двете екипи имаат по 17 бодови, или еден повеќе од Вардар кој го чека дуелот со Крива Паланка кој е закажан за 29 декември.

Два дена порано ќе играат екипите на Пробаскет Академија и Пантери. Првиот меч во новата 2020 година, на 18 јануари е предвиден да се игра во Македонска Каменица, каде Баскет КАМ ќе го пречека тимот на Патриот 2016 од Делчево.   

Во третиот натпревар од ова некомплетно коло, Гостивар 2009 беше многу подобар противник од Трокал (65-36). Тоа е четвртти триумф за женскиот прволигаш од Гостивар во оваа полусезона.

Извор:gol.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds