Баерн ја одби и третата понуда на Барса за Левандовски, за продажба потребни се најмалку 50 милиони

Баерн ја одби и третата понуда на Барса за Левандовски, за продажба потребни се најмалку 50 милиони

Билд пренесува дека Баерн Минхен ја одбил и последната понуда на Барселона за услугите на Роберт Левандовски, напаѓачот ќе биде продаден само доколку на маса бидат ставени 50+ милиони евра.

Барселона доби ново НЕ од Баерн Минхен, како што пренесува Билд, „каталонците“ понудиле 40 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси за трансфер на Роберт Левандовски, но оваа сума не е доволна.

„Баварците“ ќе почнат да размислуваат за продажба на Роберт Левандовски само кога на маса ќе биде ставена фиксна сума од 50 милиони евра.

Слични информации изнесе и новинарот Флоријан Плетенбург, кој на Твитер напиша: „Работите се немаат променето. Баерн сонува са сума од околу 60 милиони евра. Решение може да се најде од 50 милиони евра па нагоре. Со помалку пари, Барселона практично нема шанси“.

Останува да се види дали „каталонците“ се подготвени на ваква инвестиција со оглед на тоа дека Роберт Левандовски ја одработува последната година од договорот и наскоро ќе полни 34 години.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds