Багер на плажа во Струга ископал муниција од Втората светска војна

 Багер на плажа во Струга ископал муниција од Втората светска војна

При изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, вчера, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од различен калибар од Втората светска војна, информира СВР Охрид.

По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно подигната од стручните екипи, соопшти полицијата.

x