Бајден: Не гледаме дека Москва планира употреба на нуклеарно оружје

Бајден: Не гледаме дека Москва планира употреба на нуклеарно оружје

САД не гледаат никакви индикации дека Русија планира да употреби нуклеарно оружје во Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Знам дека многу луѓе ширум светот се загрижени за употребата на нуклеарно оружје. Во моментов не гледаме никакви индикации дека Русија има намера да употреби нуклеарно оружје во Украина, иако повремената реторика на Русија да ѕвецка со нуклеарната сабја е сама по себе опасна и крајно неодговорна“, напиша Бајден во авторски текст за весникот New York Times.

Нагласи дека секоја употреба на нуклеарно оружје во украинскиот конфликт од кој било размер би била „целосно неприфатлива“ за САД, како и за остатокот од светот, и дека тоа „ќе предизвика тешки последици“, јави ТАСС.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds