Баку се заканува дека ќе ги уништи ерменските ракетни системи С-300

 Баку се заканува дека ќе ги уништи ерменските ракетни системи С-300

Вооружените сили на Азербејџан ќе ги уништат противвоздушните ракетни системи С-300 на ерменските вооружени сили, вели портпаролот на Министерството за одбрана, полковник Вагиф Даргахали.

„Според нашите разузнавачки податоци, противвоздушните ракетни системи С-300 кои го покриваат воздушниот простор на Ереван се повлечени од борбената должност и се движат кон окупираните територии (Нагорно Карабах). Објавуваме дека ги чека судбината на уништената воена опрема на ерменската армија во Нагорно Карабах“, рече Даргахали.

Тој изјави дека последните битки уште еднаш покажуваат дека митот за непобедливоста на ерменската војска е неоснован, пренесува „Спутник“.

>
>