Балканци ја ограбиле најатрактивната спортска новинарка

 Балканци ја ограбиле најатрактивната спортска новинарка

Најпознатата и најатрактивната спортска новинарка Дилета Леота (29) е ограбена минатата недела, објавија италијанските медиуми.

Леота извесен период била на мета на крадци од Балканот, двајца Срби, еден Хрвата и една Романка кои од нејзиниот стан успеале да украдат накит, осум скапоцени Ролекс часовници како и брендирана гардероба. Покрај тоа успеале да изнесат и 150.000 евра во кеш кои новинарката ги чувала во својот дом.

Според италијанските медиуми, крадците се дел од „Летечката банда“ која ја сочинуваат петмина Роми кои имаат неверојатни акробатски способности од кои двајца имаат српско, еден хрватско и една девојка има романско државјанство, додека за петтиот член не е познато од која националност е.
Дилета Леота живее на деветтиот спрат во зграда во центарот на Милано, а крадците сите детали од нејзиниот дом ги дознале преку Инстаграм профилот на новинарката.

x