Барди: Потребна е поддршка за младите играчи

Барди: Потребна е поддршка за младите играчи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди изјави дека многу важно же биде да се разиграат голгетерите и да покажеме ефикасност во дуелот со Бугарија.

– Беше тешко да се прифати поразот од Грузија со оглед играта која ја прикажавме. Сепак, фудбалот е игра во која се игра на резултат и не е добро кога ќе загубиш. Имаме уште една шанса за докажување, тоа е утрешниот меч со Бугарија. Да покажеме дека резултатот од Грузија не беше реален, да извлечеме три бода и позитивен резултат.Имаме многу нови играчи, потребно е адаптација на младите и мора да бидеме трпеливи. Ќе дојде нашиот момент. Како што гледам, сите даваат голови за своите клубови, но тука топката едноставно не не сака. Потребна е поддршка за фудбалери како Ристовски и Миовски, сметам дека оваа генерација е добра и не чекаат големи работи како колектив, – порача Барди на пресот пред мечот со Бугарија.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy