
Барса има нов тренер: Куман ќе ги води Каталонците во следните три години!
Холандската легенда Роналд Куман, херојот на Барселона од првата европска титула ќе биде новиот тренер на Барселона, објавија европските медиуми, после денешниот состанок со раководството на каталонската гордост по што се чека официјална потврда.
Како што објавија бројни медиуми, Куман и Барселона се договориле за тригодишна соработка, а тој заминува од кормилото на холандската репрезентација и доаѓа во клубот каде ги доживеа наубавите фудбалски моменти во кариерата.
Холанѓанецот седнува на клупата на местото на Кике Сетиен, кој доби клоца после понижувачкиот пораз од Баерн Минхен со 2-8 и сезоната без трофеи. Сетиен седна на клупата на Барселона на местото на Ернесто Валверде уште пред пандемијата со коронавирус, но се покажа дека е тотално фијаско за жешкото столче на „Камп Ноу“.
Покрај Куман во игра за местото тренер на Барселона беа и Маурицио Покетино и Чави Ернандез.