Башакшехир го победи германски Минхенгладбах и напиша историја во Лига Европа на УЕФА

Башакшехир го победи германски Минхенгладбах и напиша историја во Лига Европа на УЕФА

Турската фудбалска екипа Медипол Башакшехир напиша историја во Лига Европа на УЕФА…

На последниот одигран натпревар синоќа во групата „Ј“ во Лига Европа на УЕФА, Медипол Башакшехир го победи германски Минхенгладбах во гости со постигнатиот гол во последната 90-та минута на мечот.

На тој начин Башакшехир е единствената турска екипа која го продолжува својот пат, односно натпреварувањето во европските купови.

Најпрвин во 33-та минута од натпреварот домаќинот Минхенгладбах со голот на Турам премина во водство од 1:0.

Во 44-та минута пак, Медипол Башакшехир го изедначи резултатот на 1:1.

Изедначувачкиот гол пристигна од Ирфан Џан Кахвеџи.

Првото полувреме заврши со нерешен резултат од 1:1.

Во второто полувреме се до последната 90-та минута мечот продолжи со нерешен резултат, додека пред самиот крај со постигнатиот гол на Ензо Кривели Медипол Башакшехир го победи со резултат од 2:1 германскиот претставник Борусија Минхенгладбах, кој инаку води во германската Бундеслига.

На тој начин, портокалово лилјаковите фудбалери на Медипол Башакшехир излегоа како лидер од групата во која водеа борба со силната италијанска екипа Рома, лидерот во германската Бундеслига Минхенгладбах и австриската екипа Волфсберг.

Медипол Башакшехир стана единствениот наш фудбалски претставник кој го продолжува натпреварувањето во европските купови во оваа сезона, запишувајќи го своето име во шеснаесетфиналето во Лига Европа на УЕФА.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds