Бејрут како Хирошима и Нагасаки, исчезнати најмалку десет пожарникари (ВИДЕО)

Бејрут како Хирошима и Нагасаки, исчезнати најмалку десет пожарникари (ВИДЕО)

Државното раководство свика итен состанок на Советот за одбрана, додека премиерот Хасан Дијаб изјави дека утре ќе биде поргласен ден на жалост заради оваа трагедија.

Најмалку десет пожарникари исчезнале по експлозијата која денес се случи во Бејрут, рекол градоначалникот на либанската престолнина Марван Абуд.

Градоначалникот додал дека сцените по експлозијата потсетуваат на Хирошима и Нагасаки.

На прашање од новинарите, што ја предизвикало експлозијата, тој одговорил:

-Не знаеме. Изби оган, пожарникарите се појавија, потоа одекна експлозија и тие исчезнаа. Ги бараме. Ова ме потсетува на она што се случи во Јапонија во Хирошима и Нагасаки. Се уште не сум видел деструкција од ова ниво.

jhxij8uvjeohfe8eiesh8q.jpg
e2-026.jpg
e1-021.jpg

Државното раководство свика итен состанок на Советот за одбрана, додека премиерот Хасан Дијаб изјави дека утре ќе биде поргласен ден на жалост заради оваа трагедија. Либанската национална новинска агенција соопшти дека во експлозијата имало и мртви и ранети.

son-dakika-lubnan-in-baskenti-beyrut-ta-buyuk-13478898-843-m.jpg

Жорж Кетанех, претседател на либанскиот Црвен крст, изјави за телевизијата „ЛБЦ“ дека има „стотици ранети“, додавајќи дека се преоптоварени со телефонски повици.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds