
Беќири: Работнички секаде ќе игра на три бода, ни следи тешка полусезона
Утре попладне со натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар официјално продолжува фудбалскиот шампионат на Македонија. Новиот прволигаш Струга Трим Љум верува дека ќе ја повтори плодната есен и пролетва ќе ја потврди категоријата, обезбедувајќи опстанок.
Првата и можеби најбитна пречка е засилениот Работнички, со тренерот Ратко Достаниќ и неговиот помошник Баже Илијоски.
„Работнички на сите терени ќе атакува на бодови исто како и ние. Не можам да ги поделам натпреварите на тешки и лесни. Без разлика на пласманот на табелата треба да се одигра добро 90 минути. Ние покажавме дека можеме да се носиме со екипите од горниот дел од табелата, а истото може да се случи со Работнички. Знам дека ни следи тешка полусезона. Јас сум оптимист дека во втората полусезона можеме да ги повториме игрите од првиот дел кога имавме стварно добри резултати“, ни рече Беќири.
Во Струга се бара билет повеќе, а натпреварот се игра в недела од 14:00 часот.
Извор:gol.mk