• 26/01/2020
 Беќири: Звучи чудно, но за нас дуелот со Борец е натпревар на сезоната

Беќири: Звучи чудно, но за нас дуелот со Борец е натпревар на сезоната

Најуспешната година во историјата на Струга Трим Љум завршува в недела со домашен дуел против Борец. Шампионите од ВМФЛ минатата сезона ќе се соочат покрај езерото, а домашниот тренер Јетон Беќири не се согласува дека стружани се фаворити за освојување на трите бода.

„Не би рекол дека сме големи фаворити. Тимот на Борец е незгоден ривал кој успеа да нè совлада во првиот круг од првенството. Ќе звучи малку чудно, но натпреварот со Борец за нас е натпревар на сезоната. Одигравме добри натпревари со Вардар, со Шкендија и останатите ривали на домашен терен, но сега мора да одиграме најдобро што можеме и да ги освоиме бодовите“, вели Беќири.

Игор Стојчевски ќе биде главен судија на натпреварот кој ќе ја спушти есенската полусезона во ПМФЛ.