• 23/09/2020

Бектеши: Наскоро ќе бидат поништени каменоломите во Лабуништа

 Бектеши: Наскоро ќе бидат поништени каменоломите во Лабуништа
loading...
Advertisement

Од вкупно 6, до сега се поништени само 3 концесии за каменоломите во Лабуништа и Чегране. Другите 3 се уште имаат дозвола за работа. Ова го потврди министерот за економија Крешник Бектеши додавајќи дека се во тек консултации за поништување и на другите 3.

„За многу краток рок убеден сум дека ќе бидат поништени. Подготвуваме и законски измени во рамки на законот за минерални извори каде ќе се даде можност за префрлање на концесиите од една локација на друга“, рече Бектеши.

Ова се прави со цел да не се оштети буџетот од можен судски процес, вели Бектеши, а доколку концесионерите не прифатат да се префрлат на друга локација, Владата ќе преземе мерки за решавање на овој проблем. Што се однесува до каменоломот во Чегране, Гостивар, министерот Бектеши тврди дека во Влада ќе предложи раскинување на договорот во моментот кога ќе поминат предвидените рокови.

„До овој момент, општина Гостивар нема издадено дозвола за пуштање во промет и еколошка дозвола “Б“. Во моментот кога ќе поминат роковите, инвеститорот ќе треба да ги достави до Министерството за економија, и веднаш по истекување на рокот, Министерството за економија ќе и предложи на Владата да го раскине договорот“, вели Бектеши.

Бектеши тврди дека се работи внимателно со цел да не се оштети државниот буџет од можна кривична пријава од концесионерите и да има законска основа за укинување на веќе издадените концесии.
6 каменоломи во Лабуништа и Чегране кои се уште не почнале со работа, предизвикаа реакции и протести од локалното население, со барање да бидат откажани поради правот и опасноста од експлозиите кои ќе се прават во каменоломите.

Извор:TV21