• 21/09/2020

БЕЛГРАД: Пронајден е леш на маж, човекот ЛЕЖЕЛ МРТОВ ВО СТАНОТ 5 ГОДИНИ!

 БЕЛГРАД: Пронајден е леш на маж, човекот ЛЕЖЕЛ МРТОВ ВО СТАНОТ 5 ГОДИНИ!
loading...
Advertisement

Телото пронајдено на Ј.Б (90) во неговиот стан, во центарот на Белград, кога соседите со работници сакале да ја проверат целата безбедност на инсталацијата во целиот станбен објект.

Телото е во фаза на распаѓање, а како неофицијално дознаваат српските медиуми човекот најверојатно починал пред најмалку две, па можеби и пред пет години.

– Човекот бил самец, слабо го гледавме. Сигурно поминаа две -три години откако последен пат го сретнав, а бевме најблиски соседи. Колку што знам имаше некоја расправија со роднините, рекол еден од станарите кој заедно со останатите станари повикал полиција, за да го отворат станот и да им овозможи на работниците да ја проверат електричната инсталација.

Некои соседи раскажале дека го немаат видено дури пет години, но не ни помислиле на најлошото, посебно бидејќи во зградата не се почуствувал карактеристичниот непријатен мирис, Како што се дознава најверојатно станува збор за природна смрт.

По заминувањето на Брзата помош и полицијата станот е запечатен.