Бензините поевтинуваат

 Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1 и за 1,5 денар, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетик.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар.

Цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 денари.

Од ноќеска на полноќ новите цени се: ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС -98 61 денар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53 денари, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари и Мазут М-1 НС 28,368 денари.

>
>