• 27/09/2020

Берлускони позитивен на коронавирус

 Берлускони позитивен на коронавирус
loading...
Advertisement

Поранешниот сопственик на Милан, а сега на второлигашот Монца и поранешен италијански премиер е позитивен на коронавирус.

Оваа вест ја потврди личниот доктор на ексцентричниот Берлускони, Алберто Зангрило. Поранешниот сопственик на Милан нема и не чувствува никакви симптоми на ковид-19, но се наоѓа во самоизолација.

Тој беше тестиран на коронавирус бидејќи неодамна беше на Сардинија која стана ново жариште на вирусот во Италија.

Поранешниот италијански премиер кон крајот на месецов ќе наполни 84 години и без разлика на тоа што нема симптоми, влегува во ризичната група токму поради возраста.

Силвио Берлускони повеќе од 30 години беше сопственик на Милан, а сега е прв човек на екипата на Монца која оваа сезона избори пласман во Серија Б.