
Беса прогласи победа во Тетово
Генералниот секретар на Движењето БЕСА во изјава за Бриф изјави дека БЕСА победи во Тетово.
- Победуваме и тоа убедливо во Тетово. Нашиот претседател на партијата Биљал Касами ја порази актуелната градоначалничка Теута Арифи. Ова сѐ уште се неофицијални информации, но се точни – вели Хоџа.
Според официјалните податоци од ДИК, иако обработеноста на гласовите во Тетово сѐ уште е мала, предноста на кандидатот на Беса Биљал Касами е голема.