Беше пет метри зад сите и ги гледаше како се радуваат: Еве зошто Силва не го славеше голот

Беше пет метри зад сите и ги гледаше како се радуваат: Еве зошто Силва не го славеше голот

Фудбалската селекција на Португалија синоќа забележа сензационална победа од 6-1 против Швајцарија, во натпревар во кој Кристијано Роналдо беше резерва, а за составот предводен од искусниот Сантош блесна Гонсало Рамос.

Сепак, покрај високата победа и седнувањето на Роналдо на клупата, синоќешниот натпревар го одбележа уште еден интересен потег кој беше во центарот на вниманието.

Станува збор за моментот кога Португалците прославуваа гол веднаш до трибините, а сите беа таму освен Бернардо Силва кој беше пет метри зад нив и ги гледаше како се радуваат. На навивачите на Португалија не им беше јасно зошто Бернардо Силва е единствениот кој не го прослави голот заедоно со соиграчите.

Bernardo Silva doing that thing about keeping one player in opposing half to stop a quick re-start. Still not sure if that would actually be allowed pic.twitter.com/JJeif7Fyay

— Martyn Ziegler (@martynziegler) December 6, 2022

На оваа тема се појавија разни теории, но вистинската е следна. Имено, Бернардо не можеше да го прослави голот бидејќи еден од играчите мораше да остане во границите на теренот за да не имаат можност Швајцарците набрзина да тргнат од центарот и да го загрозат нивниот гол.

Доколку сите играчи на Португалија беа надвор од границите на теренот, Швајцарија ќе добиеше дозвола од судијата да започне нов напад и лесно ќе постигнеше гол.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy