• 26/09/2020

Беснеат пожари во Австралија, на Сиднеј му се заканува опасност

 Беснеат пожари во Австралија, на Сиднеј му се заканува опасност
loading...
Advertisement

Гасењето на огромните пожари кои се проширија околу Сиднеј можат да потраат и неколку недели, соопштиле австралијските власти, наведувајќи дека целиот регион се бори со над 100 пожари.

Иако пожарите во Австралија се вообичаени во текот на жешкото лето, кое почнува во декември, тие оваа сезона се појавија порано поради високите температури и силните ветрови, но и од намерно палење.

Во најновиот пожар северно од Сиднеј, горат 335.000 хектари поради што најаголемиот австралијански град е прекриен со пепел и чад.

– Оваа борба со стихијата би можела да трае неколку недели, и тоа доколку имаме дожд, соопштила пожарникарната служба од Јужен Велс, а пренесува Ројтерс.

Во пожарите настрадаа четири лица и уништени се повеќе од 680 домови ширум источна Австралија.

Околу 2.000 пожарникари се распоредени во борбата со 96 пожари ширум државата, од кои само половина се под контрола.

Пожарникарната слуѓба предупредила дека се очекуваат уште големи пожари бидејќи сезоната само што почнала.