Бесправно градел хотел во Струга

 Бесправно градел хотел во Струга

Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје и фирма од Струга за бесправна изградба на хотелски комплекс.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против К. Б. (57) од Скопје и против правно лице од Струга поради постоење основано сомнение за сторенo кривично дело бесправно градење.

Во периодот од март до јуни 2019, К. Б. како одговорно лице и управител на правното лице, на локација во Струга, без соодветно одобрение, почнал градба на дел од хотелски комплекс.

Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на изградениот хотелски комплекс.

>
>