Без одобрение градела во заеднички простор во зграда

Без одобрение градела во заеднички простор во зграда

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 70-годишна жена од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење” и „узрпација на недвижности“.

Пријавената во текот на 2013 и 2014 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, без одобрение за градба, изградила дел од заеднички простор во колективна станбена зграда и узурпирала заеднички простор наменет за користење на сите станари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од страна на овластен градежен инспектор било донесено решение за отсранување на градбата.

Извор:OhridNews