
Беживотно тело извадено од водите на Охридско Езеро
На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридско Eзеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
- Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција, вели Димоски.
СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.