
Безживотно тело извадено од водите на Охридското Езеро
Безживотно тело утрово било извадено од водите на Охридското Езеро во Охрид.
„Утрово во осум часот од водите на Охридското Езеро извадено е безживотно тело на повозрасно машко лице, во близина на старото пристаниште“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Извршен е увид од страна на СВР Охрид и јавен обвинител за утврдување на причините за несреќата.