„Билд“: Нагелсман ќе му биде нов тренер на Баерн Минхен

 „Билд“: Нагелсман ќе му биде нов тренер на Баерн Минхен

Германскиот магазин „Билд“ објави дека на крајот на сезоната ќе се случи промена на кормилото на Баерн Минхен, а нов тренер на баварците ќе им биде Јулијан Нагелсман од Лајпциг.

Баерн, наводно, се договорил со Нагелсман во јуни да седне на клупата на актуелниот шампион, каде што треба да го замени Ханси Флик.

Преговорите меѓу двете страни почнале утрово, а договорот паднал за кратко време, па сега се очекува уште договор меѓу Баерн и Лајпциг, како и официјална промоција на тренерот.

>
>