Билоусов: Украина истражува 26.000 случаи на воени злосторства

Билоусов: Украина истражува 26.000 случаи на воени злосторства

Украина истражува речиси 26.000 случаи на воени злосторства извршени од 24 февруари, од почетокот на руската инвазија врз земјата, а досега се обвинети 135 лица, изјави денеска главниот украински обвинител за воени злосторства, пренесоа британските медиуми.

Од 135 обвинети, петнаесет се веќе во украински притвор, а останатите 120 се уште се во бегство, изјави Јури Билоусов, шеф на одделот за воени злосторства на Канцеларијата на главниот обвинител.

-Досега до судовите се поднесени 13 предмети и донесени се седум пресуди, рече тој.

Во мај  21-годишен заробен руски војник ја доби првата пресуда -доживотен затвор за убиство на невооружен украински цивил, со што стана првиот човек осуден за воени злосторства во Украина по руската инвазија од 24 февруари.

-Некои не прашаа зошто ги гониме само нив… ниско рангираните војници. Тоа е само затоа што тие се физички тука… Доколку и генералите се тука, и доколку сме во можност да ги приведеме, тогаш без сомнение ќе ги гониме и нив, рече Билоусов.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy