Билтен: Ограбена аптека, опожарено возило
Од СВР Охрид информираат дека вчера во аптека на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, едно лице со закана кон вработената, одзело пари од касата. На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Во текот на вчерашниот ден во 23.50 часот, од страна на 48-годишна охриѓанка било пријавено дека додека го управувала своето патничко возило „форд ка“ по булеварот „Туристичка“ во Охрид, настанал пожар во предниот дел од автомобилот. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е целосно изгаснат.
Извор:OhridNews