Билтен: Охриѓанец каснат од куче скитник, физички напад на бензинска пумпа, пожар

 Билтен: Охриѓанец каснат од куче скитник, физички напад на бензинска пумпа, пожар

Од СВР Охрид информираат за неколку инциденти што се случиле во текот на изминатите два дена.

Вчера, во 13.10 часот во СВР Охрид, 56-годишен охриѓанец пријавил дека на улица „Св.Климент Охридски“ бил нападнат од куче скитник на десната нога.

Истиот ден во 10.30 часoт, од страна на 23-годишно лице од Охрид пријавил дека во угостителски објект на бензиска пумпа во Охрид физички бил нападнат од две лица од струшкото село Калишта. По целосно докуменирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 12-ти ноември, околу 18.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во куќа сопственост на 36-годишно лице од охридското село Мешеишта настанал пожар во кој бил зафатен горниот кат. Пожарот бил локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Извор: Ohridnews