• 21/09/2020

Билтен:Физички напади, закани

 Билтен:Физички напади, закани
loading...
Advertisement

На 11.12.2019 година во 02.40 часот, во СВР Охрид приведен е 35-годишно лице од Охрид кое претходно на улицата „8 септември“ го нарушило јавниот ред и мир со агресивно и насилно однесување кон 42-годишен охриѓанец. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.12.2019 година околу 15 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од неколку малолетни лица од струшкото село Ливада врз 15 годишно момче од Струга. Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2019 година, во Полициската станица Охрид, пријавен е нарушен јавен ред и мир со агресивно однесување и упатени закани од 52-годишен охриѓанец кон повеќе службени лица вработени во општина Охрид. Тој, од нив побарал да му бидат дадени на увид службени документи и откако бил препратен во одделението за информации од јавен карактер, со викање, навреди и закани се обидел да изврши присилба загрозувајќи ја нивната безбедност. Пријавениот е повикан во полициска станица и против него, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се поднесени барања за поведување прекршочна постапка.

Извор:OhridNews