Биткоин со највисока вредност по 2018

 Биткоин со највисока вредност по 2018

Најпопуларната крипто-валута биткоин повторно се приближува до највисоката вредност која ја имаше во почетокот на 2018.

Биткоин главно поради најголемиот удел во вредноста на „базенот“ на крипто-валути често се поврзува со сите крипто-валути. Втора препознатлива карактеристика на оваа валута се брзите падови и скокови.

Цената за која се тргуваше биткоин се менуваше од 3,200 долари на 13,800 долари, па 4000 долари на почетокот на оваа година за сега да достигне повторно околу 14 000 долари. Овие варијации во цената не ја прават крипто-валутата погодна за купување и продавање со нејзе, што е една од најголемите критики.

Највисоката вредност на Bitcoin беше во декември 2017 кога крипто валутата достигна 20 000 долари.

Што е Bitcoin

Bitcoin (฿, BTC) е онлајн person-to-person (P2P) валута, замислена како дигитална децентрализирана валута, што значи дека со неа не управува ниту една институција, банка. Целата размена на оваа валута е изработена од слободен софтвер кој со алгоритми го обезбедува бројот на парички и нивно трошење.

Доказ за поседување на виртуелната валута се приватни клучеви кој овозможуваат корисникот да ги префрла или користи „парите“. Во суштина Bitcoins се долги енкриптирани „стрингови“ на броеви и букви без смисла,  кои можат да се користат само со приватен клуч.