• 22/09/2020

Битолчанец во Струга продавал дрога

 Битолчанец во Струга продавал дрога
loading...
Advertisement

Одделението за внатрешни работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Т.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед извршен во неговото патничко возило „мерцедес“ на улица „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и една метална дробилка.

Извор: ohridlife.mk