• 12/07/2020
 Благојче Главевски повторно го облекува дресот на Струга?

Благојче Главевски повторно го облекува дресот на Струга?

Пелистер обезбеди промоција во ПМФЛ, но не го продолжи договорот со Благојче Главевски, а за фудбалерот кој сега е слободен постои интерес од неколку клуба, меѓу нив најсериозна е Струга Трим Љум.

Искусниот фудбалер се раздеи со својот матичен клуб и ќе избере нова средина. Главевски беше најдобар клупски стрелец во ВМФЛ-Запад и по Ибраими и Маневски е најдобар активен стрелец во мак-фудбалот.

Напаѓачот има шанси повторно да се врати во Струга, за која играше од 2017 до 2019 година. Се чека расплет на ситуацијата, а допрва ќе биде познато дали најефикасниот играч на Западот ќе се договори со управата.

32-годишниот Главевски во неколку наврати го носеше дресот на Пелистер, а во македонскиот фудбал играше уште и за Силекс, Шкендија, Напредок и Струга Трим Љум. Краток период Главевски мина и во косовска Дрита. 

извор:gol.mk

Digiqole ad

Можеби ке те интересира